На ден 15.02.2013 година, нашето
училиште ќе реализираше еколошка акција-„Кампања за селектирање на отпад“ под
мотото „Постапи драстично-одвој го тоа
што е пластично“
Акцијата е дел од Програмата „Еко-училиште“ кое е еден од проектите на
едукативната програма „Немаме резервна планета“ и има за цел стекнатото знаење
на тема животна средина да се примени во пракса.
Оваа активност имаше цел да се подигне свеста на учениците, наставниците,
техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или
индиректно во училишната заедница, на тема заштита на животната средина, а со
тоа ќе се овозможи теоретското знаење да
се примени во секојдневниот живот.