Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот,

се всушност оние луѓе кои тоа и го прават !

Thursday, July 18, 2013

Нека храната твоја биде лек, и нека твој лек биде храната (Хипократ)

Живееме во изобилство на храна, а човекот никогаш до сега во историјата не се хранел толку лошо. 
Кога се чувствуваме уморни, збунети и изгубени во морето секојдневни обврски, посегнуваме по брзата храна и во себе внесуваме празни калории без никакви хранливи вредности со кои само го труеме нашето тело.

 Данокот на лошата исхрана го плаќаме секојдневно, се почесто заболуваме од болестите на модерното време како: вишок на килограми, дијабетес, срцеви заболувања, висок крвен притисок и др.

За да го направиме првиот чекор во поглед на промена на нашиот досегашен начин на исхрана, неопходно е свесно осознавање на секој од нас дека правилната исхрана е темел за добро здравје.

Ние, во нашето училиште учиме да се храниме здраво, а знаењето го применуваме на дело- си подготвивме здрав оброк -овошна салата од сезонско овошје.
Во подготовката на овошната салата учествуваа сите ученици
Откако ја пробавме, заеднички заклучивме дека: ваквата храна, освен што е здрава таа исто така е и многу вкусна!!!