Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот,

се всушност оние луѓе кои тоа и го прават !

Saturday, October 5, 2013

„Македонија без отпад 2013 “

Да го исчистиме отпадот од нашето училиште

Во рамките на  акција „Македонија без отпад 2013 “ во ООУ „Никола Карев“-Радовиш се спроведе акција под мотото Да го исчистиме отпадот од нашето училиште“
                                                                                                                                
                                                                           
По повод  акцијата „Македонија без отпад 2013 “ во ООУ „Никола Карев“-Радовиш се спроведе еколошка  акција која се состоеше од следниве активности:
1. Прикажување на едукативни филмови со еколошка содржина
2.Чистење на училниците и ходниците од отпад
3.Чистење на отпадот од училиниот двор

Овие активности  се спроведоа со цел учениците и вработените да придонесат за:
- создавање на поубава и почиста животна средина;
-  за подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина;
-за фокусирање на вниманието на јавноста на проблемот со загадувањето и справувањето со отпадот.

Акцијата беше медиумски покриена од локалната телевизија ТВ„Кобра“-Радовиш и истата беше проследена во локалните вести