Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот,

се всушност оние луѓе кои тоа и го прават !

Friday, December 19, 2014

Еко проект - ЕКО ПАКЕТ -Тетра пак

 Започнавме со реализација на ЕКО ПАКЕТ  - тетрапак
                                   
                                             

                                                  



Wednesday, December 3, 2014

„Ден на дрвото-засади ја твојата иднина“ 2014

реализиравме акција „Ден на дрвото-засади ја твојата иднина“ 2014
                             (03.12.2014)
Во акцијата беа вклучени 450 ученици
Реализирани активности:

-Учениците заедно со своите наставници, засадија садници од зимзелени дрвја во училишниот двор и на локации во близина на училиштето 




Saturday, October 18, 2014

„Македонија без отпад“ 2014

 реализиравме акција „Македонија без отпад“ 2014
(18.10.2014)
Во акцијата беа вклучени 450 ученици
  Ги реализиравме следниве  активности:
-Чистење на училишниот двор и околу училишната зграда, во централното училиште (во градот) и во подрачните училишта (во с. Прналија, с.Бучим, с. Тополница и нас.Раклиш)
- Предавање и гледање на едукативни филмови на тема отпад и загадување од материјалите на „Зелен пакет“. После што се разви дискусија за тоа кои се последиците од загадувањето и како да се намали загадувањето.


-Кампања за подигање на јавната свест за намалување на загадувањето и за рециклирање на отпадот. Учениците делеа флаери по улиците на нашиот град.






















-

Thursday, September 25, 2014

Засади дрво за мир“ 2014

 Реализиравме акција Засади дрво за мир 2014

(25.09.2014 во 12:00ч.)
Во акцијата беа вклучени 50 ученици
Реализирани активности:
-Учениците садеа локални дрвја во училишниот двор. Се засадија 25 дрвја.
Во ова акција учествуваа и претставници од родителите , претставници од локалната самоуправа, претставници од бизнис-секторот претставници од месното население. Настанот го проследија  и медиумите - локалните телевизии.












Monday, September 22, 2014

Учество  во манифестација „Нашите улици – наш избор
(22.09.2014)
Нашите ученици учествуваа во манифестација „Нашите улици – наш избор - (во организација на Општина Радовиш )По повод:
 21-ви септември- Меѓународниот ден на мирот и  
22-ри септември–Меѓународниот Ден без автомобили, 

Во акцијата беа вклучени 50 ученици
Реализирани активности:
-мировниот марш носејќи пригодни ЕКО пароли и пароли за МИР
- изведба на музичка точка „We are the world”

- велосипедски „марш“- за помалку користење на автомобили