Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот,

се всушност оние луѓе кои тоа и го прават !

Thursday, February 21, 2013


На ден 15.02.2013 година,  нашето училиште ќе реализираше  еколошка акција-„Кампања за селектирање на отпад“ под мотото „Постапи драстично-одвој го тоа што е пластично“
Акцијата е дел од Програмата „Еко-училиште“ кое е еден од проектите на едукативната програма „Немаме резервна планета“ и има за цел стекнатото знаење на тема животна средина да се примени во пракса.
Оваа активност имаше   цел да се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница, на тема заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи  теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот. 

Friday, February 8, 2013

ЕКО КАЛЕНДАР - Поважни еколошки датуми



ЕКО КАЛЕНДАР
16 септември
Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка
22 септември
Меѓународен ден без возила
26 септември
Светски ден на чисти планини
04 октомври
Светски ден за заштита на животните
08 октомври
Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
15 октомври
Светски ден на пешаците
16 октомври
Светски ден на храната
17 октомври
Меѓународен ден за образование на сиромашните
08 ноември
Меѓународен ден на урбаните животни средини
27 ноември
Меѓународен ден против потрошувачката треска
29 декември
Меѓународен ден на биодиверзитетот
05 март
Светски ден за заштеда на енергија
21 март
Ден на пролетта кога започнуваат активностите за заштита на околината
21-28 март
Денови на пролетта за заштита на околината
22 март
Светски ден за заштита на водите
17 април
Светски ден на здравјето
22 април
Светски ден на планетата Земја
15 мај
Меѓународен ден за заштита на климата
24 мај
Светски ден против пушењето
05 јуни
Светски ден за заштита на околината