Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот,

се всушност оние луѓе кои тоа и го прават !

Wednesday, April 24, 2013

Ден на акција „Сите на велосипед“

По повод 22-ри Април - Ден на планетата Земја, во нашето училиште се организираше кампања за Заштита на Планетата Земја под мотото „Сите на велосипед“
Учениците од шесто до осмо одделение возеа велосипед низ улиците на градот и  плоштадот, учениците од нижите одделенија пешачеа носејќи еколошки пораки. 

Со оваа акција имавме  за цел да  испратиме порака до пошироката јавност  - помалку да употребуваат моторни возила, а повеќе да користат велосипед и да пешачат.
Учениците од Еко-патролата подготвија флаери на истата тема и ги поделија мегу вработените и месното население.
 На тој начин го  дадовме нашиот  придонес  како еко-училиште кое се грижи за животната средина.http://eco-schools.org/wda/2013/05/21793/



















Saturday, March 23, 2013

22 март Светски ден за заштита на водите

Кампања за заштита и заштеда на водите
„Вода пијам со вода се мијам , дека ја штедам не кријам„




                                 


                                         

                                         

     








Thursday, March 21, 2013

„Кампања за селектирање на отпад“



На ден 15.02.2013 година,  нашето училиште  реализираше  еколошка акција-„Кампања за селектирање на отпад“ под мотото „Постапи драстично-одвој го тоа што е пластично“
Акцијата е дел од Програмата „Еко-училиште“ кое е еден од проектите на едукативната програма „Немаме резервна планета“ и има за цел стекнатото знаење на тема животна средина да се примени во пракса.
Преку оваа програма ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница на тема заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи  теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.




















                              Во секоја улилница учениците поставија                       картонски кутии за селактирање на пластика и хартија,





 Во ходниците на училиштето,  учениците од еко-патролата обележаа канти за селактирање на пластика и хартија


                            Вакви канти поставија и во училишниот двор



Селектираните пластика и хартија се собираат во посебни кошеви специјално направени за таа намена



Потоа ги продаваме на претпријатие кое се занимава со откуп на стара хартија и стара пластика