На 21.11.2012 , под мотото „Спортски е да се сади“ се одржа десеттата акција „Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“
Учениците од ООУ„Никола Карев“ се приклучија кон акцијата. Тие заедно со своите наставници засадија садници во училишниот двор. Со тоа придонесоа за збогатување на животната средина со нови произведувачи на кислород и го збогатија хортикултурниот изглед на нашиот двор.
Целта на акцијата беше развивање љубов кон природата и шумите како и грижа за животната средина.
Целта на акцијата беше развивање љубов кон природата и шумите како и грижа за животната средина.
Дел од учениците , заедно со нивните наставници се погрижија за разубавувањето на внатрешните простори на училиштето.
No comments:
Post a Comment