Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот,
се всушност оние луѓе кои тоа и го прават !
Thursday, January 17, 2013
Sunday, November 25, 2012
Ден на дрвото-Засади ја својата иднина
На 21.11.2012 , под мотото „Спортски е да се сади“ се одржа десеттата акција „Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“
Учениците од ООУ„Никола Карев“ се приклучија кон акцијата. Тие заедно со своите наставници засадија садници во училишниот двор. Со тоа придонесоа за збогатување на животната средина со нови произведувачи на кислород и го збогатија хортикултурниот изглед на нашиот двор.
Целта на акцијата беше развивање љубов кон природата и шумите како и грижа за животната средина.
Целта на акцијата беше развивање љубов кон природата и шумите како и грижа за животната средина.
Дел од учениците , заедно со нивните наставници се погрижија за разубавувањето на внатрешните простори на училиштето.
Thursday, November 8, 2012
КАМПАЊА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА- „Eнергијата вреди да се штеди“
Меѓународен „Ден на акција“ - 07.11.2012
Овој
ден претсавуваше посебна активност каде што училиштата и градинките од целиот
свет превземаа еколошки акции со цел создавање на поодржлив свет.
Нашето училиште се вклучи и
беше дел од оваа акција од светски размери преку организрање на
креативни еколошки акции со кои ние и
нашите ученици го дадовме нашиот
придонес кон заштитата на животната средина.
За таа
цел, ние реализиравме Кампања за подигнување на свеста за заштеда на енергија
во училиштето и на градскиот плоштад.
Учениците од еко-патролата изработија флаери за заштеда на енергија
Го одбравмие најдобриот и го испечетивме
Ги напаравивме во форма на флаери
Направивме плакат,
Дел од флаерите ги поделивме на учениците во нашето
училиште.
Потоа се упативме кон градскиот плоштад
Учениците делеа флаери низ улиците на градот
Некои ученици поделија флаери во јавни институции
како и во општинската зграда
Поделбата на флаерите беше успешно завршена , учениците понесоа флаери и во своите домови за да ги запознаат и нивните родители со начините за заштеда на енергија
Другите ученици, пак, во рамките на својот час, работеа на тема заштеда на енергија: пишуваа пораки, црта цртежи, истражуваа и изработија Power-point презентации
Најдобрите ликовни изработки од помладите ученици ги изложивме во Еко катчето
(
во холот на училиштето)
Ги известивме локалните медиуми и тие ја проследија целата наша акција
Медиумите ја запознаа јавноста со активностите што ги спроведовмe и за придонесот кој го правиме како еко-училиште кое се грижи за животната средина
Subscribe to:
Posts (Atom)





