Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот,

се всушност оние луѓе кои тоа и го прават !

Thursday, February 21, 2013


На ден 15.02.2013 година,  нашето училиште ќе реализираше  еколошка акција-„Кампања за селектирање на отпад“ под мотото „Постапи драстично-одвој го тоа што е пластично“
Акцијата е дел од Програмата „Еко-училиште“ кое е еден од проектите на едукативната програма „Немаме резервна планета“ и има за цел стекнатото знаење на тема животна средина да се примени во пракса.
Оваа активност имаше   цел да се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница, на тема заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи  теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот. 

Friday, February 8, 2013

ЕКО КАЛЕНДАР - Поважни еколошки датуми



ЕКО КАЛЕНДАР
16 септември
Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка
22 септември
Меѓународен ден без возила
26 септември
Светски ден на чисти планини
04 октомври
Светски ден за заштита на животните
08 октомври
Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
15 октомври
Светски ден на пешаците
16 октомври
Светски ден на храната
17 октомври
Меѓународен ден за образование на сиромашните
08 ноември
Меѓународен ден на урбаните животни средини
27 ноември
Меѓународен ден против потрошувачката треска
29 декември
Меѓународен ден на биодиверзитетот
05 март
Светски ден за заштеда на енергија
21 март
Ден на пролетта кога започнуваат активностите за заштита на околината
21-28 март
Денови на пролетта за заштита на околината
22 март
Светски ден за заштита на водите
17 април
Светски ден на здравјето
22 април
Светски ден на планетата Земја
15 мај
Меѓународен ден за заштита на климата
24 мај
Светски ден против пушењето
05 јуни
Светски ден за заштита на околината

Thursday, January 17, 2013

Еколозите се хумани


Дел од членовите на Еко-патролата, за време на Божиќните празници, имаа хуманитарна посета и креативна работилница со корисниците на Дневниот центар „Порака“






















Sunday, November 25, 2012

Ден на дрвото-Засади ја својата иднина



На 21.11.2012 , под мотото „Спортски е да се сади“ се одржа десеттата акција „Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“


Учениците од ООУ„Никола Карев“ се приклучија кон акцијата. Тие заедно со своите наставници засадија садници во училишниот двор. Со тоа придонесоа за збогатување на животната средина со нови произведувачи на кислород и го збогатија хортикултурниот изглед на нашиот  двор.
Целта на акцијата беше развивање љубов кон природата и шумите како и грижа за животната средина.






















Дел од учениците , заедно со нивните наставници се погрижија за разубавувањето на внатрешните простори на училиштето.














                                           




Thursday, November 8, 2012

КАМПАЊА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА- „Eнергијата вреди да се штеди“

 Меѓународен „Ден на акција“ - 07.11.2012
Овој ден претсавуваше посебна активност каде што училиштата и градинките од целиот свет превземаа еколошки акции со цел создавање на поодржлив свет.
Нашето училиште  се вклучи и  беше дел од оваа акција од светски размери преку организрање на креативни еколошки акции со кои ние  и нашите ученици го дадовме нашиот  придонес кон заштитата на животната средина.
За таа цел, ние реализиравме Кампања за подигнување на свеста за заштеда на енергија во училиштето и на  градскиот плоштад.

Учениците од еко-патролата изработија флаери за заштеда на енергија 

                                Го одбравмие најдобриот и го испечетивме

                                  





Ги напаравивме во форма на флаери


Направивме  плакат,

Дел од флаерите ги поделивме на учениците во нашето училиште.

Потоа се упативме кон градскиот плоштад



Учениците  делеа флаери низ улиците на градот





Некои ученици поделија флаери   во јавни институции  

како и во  општинската зграда 


Поделбата на флаерите беше успешно завршена , учениците понесоа флаери и во своите домови за да ги запознаат и нивните родители со начините за заштеда на енергија

Другите ученици, пак, во рамките на својот час, работеа на тема заштеда на енергија: пишуваа пораки, црта цртежи, истражуваа и  изработија Power-point презентации



Најдобрите ликовни изработки од помладите ученици ги изложивме во Еко катчето 
( во холот на училиштето)



Ги известивме локалните медиуми и тие ја проследија целата наша акција 


Медиумите ја  запознаа јавноста со активностите што ги спроведовмe и за придонесот кој го правиме како еко-училиште кое се грижи за животната средина